Потенцијални дејства на алкохолот
Консумирањето алкохол е личен избор и различно влијае на различни луѓе. Некои студии покажуваат дека консумирањето алкохол може да доведе до зголемен ризик од појава на одредени здравствени проблеми. Редовното прекумерно пиење се поврзува со појава на повеќе болести, вклучувајќи болести на црниот дроб, кардиоваскуларни болести, болести на зависност и зголемен ризик од одредени типови рак. „Пијанчењето“, односно консумирање големи количини алкохол за кратко време, е опасно и може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Кај некои луѓе, умереното консумирање алкохол може да доведе до зголемени ризици по здравјето и ризици од одредени типови рак, како што е ракот на дојка. Покрај брзината на консумирање, други фактори што може да влијаат на нивото на ризик се количината и зачестеноста на консумирањето алкохол, возраста, полот, генетските фактори и начинот на живот. За таа цел, треба да се консултирате со лекар или медицинско лице кои ќе ви помогнат да разберете дали умереното пиење е соодветно за вашата здравствена состојба.
Што се случува во вашиот организам кога пиете алкохол

Најдобро е да се советувате со медицински лица околу консумирањето алкохол. Тие ќе ви дадат совети за тоа како се одразуваат вашите навики на консумирање алкохол како возрасен на вашето здравје, земајќи ги предвид, меѓу другото, најновите медицински истражувања, вашата здравствена состојба, личната и семејната историја, како и вашето опкружување.
Подолу е наведен нецелосен список со линкови до упатства за консумирање алкохол и здравје кои важат во различни земји. HEINEKEN не ја поддржува и не е одговорен за содржината на надворешните линкови. Овој скратен список не ги вклучува сите достапни државни ресурси на оваа тема, затоа посетете ги достапните државни ресурси во вашата земја ако подолу не се наведени ресурси од вашата земја.
Меѓу другите извори на оваа тема, Светската здравствена организација и Меѓународната алијанса за одговорно консумирање алкохол имаат издадено разни извештаи за алкохолот и здравјето:
За поцелосен список со упатства за консумирање алкохол, посетете ги следниве веб-страници:
Резиме на упатства од разни земји наменети за општата популација
www.iard.org/science-resources/detail/Drinking-Guidelines-General-Popula...
Резиме на упатства од разни земји наменети за бремени и доилки
www.iard.org/science-resources/detail/Drinking-Guidelines-for-Pregnancy-...

Никогаш не пијте ако треба да возите

Бременост

Законска возраст за консумирање алкохол

Малку. Полека. Не.
Прекумерното консумирање алкохол (како што е пијанчењето) може да биде особено опасно и да доведе до сериозни последици. Информациите наведени на оваа веб-страница се собрани од HEINEKEN и се наменети само за информативни цели, така што не треба да се користат за какви било медицински намени. Не гарантираме дека информациите се сеопфатни. Консултирајте се со лекар или медицинско лице ако ви требаат дополнителни информации и/или ако сакате да разговарате за вашата здравствена состојба.
Информациите наведени на оваа веб-страница се собрани од HEINEKEN и се наменети само за информативни цели, така што не треба да се користат за какви било медицински намени. Не гарантираме дека информациите се сеопфатни. Консултирајте се со лекар или медицинско лице ако ви требаат дополнителни информации и/или ако сакате да разговарате за вашата здравствена состојба.